Поврзете се со нас

Лига Европа

Сцена на вечерта од Лигата на Европа: Кој порача две пици и една Кока Кола? (Видео)

Објавено

на

Денеска се одиграа првите натпревари од 1/16 финалната фаза во Лигата на Европа, а иако фудбалската вечер на стариот континент ни донесе многу возбудување и погодоци во мрежите, за хит на вечерта е прогласена една урнебесна сцена од средбата на која беа видени дури шест погодоци.

Молде и Хофенхајм беа навистина расположени за игра и максимално ефективни на мечот кој поради корона условите се играше на стадионот на Вилјареал „Ла Серамика“, а ако се суди реално, далеку понезадоволни ќе бидат играчите кои беа гости на хартија.

При водство од 1:3, на Хофенхајм му беше поништен гол и Дабур промаши пенал за 1:4, пред да пристигне казна од спротивната страна преку Андерсон и Фофана за 3:3.

Сепак, атрактивниот фудбал и конечниот резултат не се топ тема од оваа пресметка во Лига Европа, бидејќи во фокусот се најде моментот кога натпреварот беше во мал прекин поради повредата на Гачиновиќ.

Додека Србинот од редовите на Хофенхајм се жалеше на повреда, во крупен кадар се најде доставувачот кој донесе две пици и една Кока Кола за некој нарачател од стадионот, па ова видео стана вирален хит на социјалните мрежи….

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни