Поврзете се со нас

Англија

Саутгејт го објави составот за дуелот со Македонија, на него има само еден дебитант

Објавено

на

foto: https://twitter.com/England

Англискиот фудбалски селектор Герет Саутгејт, денеска го објави списокот на фудбалери кои ќе бидат во комбинација за настап на квалификациските натпревари против Македонија и Малта.

Саутгејт реши да повика неколку играчи на кои не сметаше изминатиот период, повика и еден дебитант, а веројатно e најзадоволен од фактот што повторно може да располага со Маркус Рашфорд, кој ги пропушти претходните квалификациски натпревари поради повреда.

Во улога на повратници се и Калум Вилсон, Луис Данк, Трент Александер-Арнолд и Тајрон Мингс, додека единствениот дебитант е фудбалер на Кристал Палас.

Се работи за Еберечи Езе, кој зад себе има одлична сезона во Премиер лигата и според Саутгејт уште одамна заслужил да биде повикан во националниот тим.

Рахим Стерлинг и Саутгејт во меѓусебна комуникација се договориле за поштеда на ѕвездата на Челси, додека во репрезентацијата не е повикан голманот на Њукасл, Ник Поуп. Сосема очекувано, нов повик не доби Бен Вајт од Арсенал, дефанзивецот кој влезе во конфликт со селекторот уште за време на СП во Катар.

Англичаните прво гостуваат кај Малта, а на 19. јуни ќе ја пречекаат Македонија на домашен терен.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни