Поврзете се со нас

Германија

Санчо и Халанд прават разлика и кога не постигнуваат голови, Борусија обезбеди пласман во ЛШ (Видео)

Објавено

на

Борусија Дортмунд пред неколку дена ја освои титулата во Купот, а фановите на овој клуб денеска добија уште една фантастична вест, бидејќи нивниот тим обезбеди пласман во Лигата на шампионите со последната победа.

„Милионерите“ заиграа на најдобро можно ниво во последно време и го искористија падот на Ајнтрахт Франкфурт за да направат пресврт на табелата, па со триумфот од 1:3 на гостувањето кај Мајнц, стана јасно дека Борусија ќе ја гледаме во најелитното натпреварување наредната сезона.

Тоа е одлична вест за директорите кои сега нема да бидат принудени да продаваат добар дел од своите ѕвезди, бидејќи токму тие денеска беа клучни за победата.

Санчо и Халанд ја донесоа титулата во Купот, а денеска направија разлика и во ситуација кога не постигнаа голови. Стрелци на погодоците беа Гереиро, Ројс и Брандт, но Санчо и Халанд ја направија главната разлика како асистенти.

Во самата завршница, Маинц се погрижи за почесен гол преку Куаисон.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни