Поврзете се со нас

Италија

Сабатини со прогноза за тоа кој може да го замени Пиоли на клупата на Милан

Објавено

на

Валтер Сабатини долги години е во светот на фудбалот и тоа пред се како оперативец, спортски директор при што има работено во Лацио, Интер, Рома, Палермо, Болоња, Салернитана…што јасно говори за тоа колку добро ги познава работите пред се на Апенините.

Големиот работник имаше едно интересно интервју за „Газета Дело Спорт“ во кое говореше на најразлични теми како Наполи, Масимилијани Алегри и Јувентус, Антонио Конте за кого смета дека ќе се врати дома, Рома и Жозе Мурињо, но воедно даде и една прогноза за тоа кој би бил нареден тренер на Милан, поточно кој би можел да го наследи Стефано Пиоли ако заработи отказ.

„Росонерите“ имаат турбулентна сезона во која на крајот можат да останат и без ЛШ, сценарио кое би можеле да значи и крај за Пиоли на „Сан Сиро“.

Според Сабатини при отказ на Пиоли, калчолигашот ќе тргне по ангажман на Луис Енрике.

-Луис се подобри толку многу и е на исто ниво како и големите тренери. Под претпоставка дека Пиоли ќе биде отпуштен, не може да се исклучи дека тој [Масара] ќе му се јави на Луис Енрике. Добро го познава и не може да избегне да го стави во најтесен круг, -смета Сабатини.

Популарниот Лучо веќе работеше во италијанскиот фудбал како тренер на Рома, а последниот ангажман го имаше на клупата на шпанската репрезентација.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни