Поврзете се со нас

АТП

Рублев за тоа зошто Надал е број еден: Федерер и Ѓоковиќ понекогаш…

Објавено

на

Андреј Рублев во моментов е еден од најдобрите тенисери на светот, а за тоа говори фактот дека во актуелнава сезона има освоено четири АТП титули и на најновата листа ја зазема осмата позиција.

Последниот триумф на Русинот беше вчера во Ст. Петерсбург, а по истиот се обиде да објасни зошто за него Рафаел Надал е број еден и тоа не само како тенисер, туку и како спортист.

-Дури и Новак (Ѓоковиќ) и Рожер (Федерер) во одредени моменти паѓаат ментално, емоционално, така да чувствувате дека можете да победите. Рафа е единствениот играч во историјата кој не се грижи како се чувствува, добро или лошо. На крајот секогаш наоѓа начин да победи. Не знам како тој успева да биде толку психички силен во текот на целата своја кариера

-Сите имаат лош ден, ама и кога е така тој успева да пронајде начин. За мене тој е најдобриот спортист во историјата, не само тенисер, -истакна Рублев.

Надал со победата на Ролан Гарос дојде до бројката од 20 грен слем титули со што сега го дели врвот заедно со Рожер Федерер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни