Поврзете се со нас

АТП

Рублев го освои Ст. Петерсбург и се приближи до место на завршниот Мастерс

Објавено

на

Андреј Рублев го победи Борна Чориќ во финалето на АТП турнирот во Ст. Петерсбург и ја освои четвртата АТП титула сезонава.

Рускиот тенисер издоминира на домашен терен, иако во тај-брејкот на првиот сет имаше сериозна негатива од 5:2, но успеа да го добие со 7:5.

Во вториот сет, Рублев направи брејк во петтиот гејм, а тоа беше доволно за 6:4 и освојување на втор турнир во кариерата на руско тло.

Тој стана и петти тенисер кој победил во Ст. Петерсбург, по Кафелников, Сафин, Јужни и Медведев кој победи минатата година.

Со триумфот на овој турнир, Рублев сериозно си ги зголеми шансите за пласман на завршниот Мастерс во Лондон.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни