Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Роналдо се откажа од акцијата, пожртвуваниот Кавани ги воодушеви фановите на Јунајтед (Видео)

Објавено

на

Работната етика на Единсон Кавани е нешто што постојано го потенцираше Оле Гунар Солскјер при ангажманот на Уругваецот минатата година, квалитет кој посебно доаѓа до израз и во ситуација кога напаѓачот е во поодминати фудбалски години.

Кавани не го постигна голот за победа против Вилјареал во 95-та минута, но фановите на Јунајтед се воодушевени од начинот на кој го славеше истиот, но и од една ситуација непосредно по влегувањето во игра.

Популарниот Еди влезе во игра во 75-та минута, а овој краток период беше доволен за да докаже како пожртвуваноста може да се исплати и кога акцијата изгледа комплетно завршена.

Роналдо доби една лоша топка и веднаш се откажа од понатамошно трчање, па иако се чинеше дека дефанзивецот на Вилјареал ќе има лесна задача, работната етика на Кавани дојде до израз благодарение на неговиот страшен спринт и борбен дух.

Кавани ја освои топката и ја додаде до Кристијано, а таквиот негов пристап и менталитет наиде на поздрав од сите навивачи на клубот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни