Поврзете се со нас

Франција

Роналдињо ги критикува навивачите на ПСЖ

Објавено

на

Бразилската легенда Роналдињо има убави спомени од периодот кога го носеше дресот на ПСЖ, но сега јавно ги критикуваше фановите на францускиот клуб.

Роналдињо не може да поверува дека тие имаат храброст да го исвиркуваат Лионел Меси, кој ја игра првата сезона во Париз.

– На Меси му е тешко бидејќи пристигна во Франција по многу години во кои играше во еден клуб и со различен стил на игра.

– Нормално е дека му е потребна адаптација, а за тоа треба време.

– Не ги разбирам навивачите на ПСЖ кои го исвиркуваа, што останува ако го исвиркувате Меси? Ако го навредуваш најдобриот на светот, на кого ќе му аплаудираш? – прашува Роналдињо.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни