Поврзете се со нас

Европски првенства

Романците го зголемија капацитетот за присуство на трибините, се чека потврда од УЕФА!

Објавено

на

Македонските фудаблски фанатици кои можеа да си дозволат патување за Букурешт веќе си обезбедија билети за премиерниот натпревар на едно Европско првенство, но на три дена пред нашиот прв меч против Австрија, ова утро пристигна една многу важна вест од романската престолнина.

Имено, на владиниот состанок кој вчера се одржал во Романија биле донесени неколку важни одлуки за намалување на рестриктивните мерки, а една се однесува и за претстојното Европско првенство.

Романската влада дала зелено светло за зголемување на капацитетот на публиката која може да дојде на стадионот, па наместо 25 проценти исполнетост, сега ќе може да има 50 проценти исполнетост. Романците дале зелено светло за што повеќе навивачи на трибините, а иако ова е одлична вест за сите Македонци, сепак конечниот збор ќе го има УЕФА.

Европската фудаблската Федерација допрва ќе ја разгледа одлуката на Романците, по што се чека конечна одлука за тоа дали повеќе Македонци ќе можат да се упатат кон романската престолнина, со оглед на тоа што капацитетот би се зголемил за двојно од оној досега предвидениот.

– На вчерашниот владин состанок, од владата беше одобрено пополнување на трибините од 50 проценти. Мислам дека тоа е огромен чекор од нашата страна и се надевам дека организаторите ќе добијат дозвола да ги користат овие бројки и да ги пуштат билетите во продажба. Ние сме отворени за повеќе фанови, мислам дека ќе имаме одличен турнир, – гласи изјавата на министерот за млади и спорт, Едуард Новак.

Само за потсетување, Македонија со сигурност игра два натпревари во групната фаза во Романија, земја во која ќе се игра уште еден меч во групната фаза (оној меѓу Украина и Австрија) и еден од нокаут рундата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни