Поврзете се со нас

Италија

Рома лута на Серија А, вели дека одложеното дерби го фаворизира Наполи

Објавено

на

Раководството на Рома не е задоволно поради одлуката на Серија А да одреди нов датум за заостанатиот натпревар меѓу Јувентус и Наполи.

Средбата која не беше одиграна во оригиналниот термин беше презакажана за 17. март, а вчера лигата објави дека на барање на двата клуба, тие ќе се сретнат на 7. април.

Денеска, Рома испратила официјална реакција до раководството на лигата, прашувајќи кое е објаснувањето за ваков потег и потенцирајќи дека на ваков начин се фаворизира една екипа, мислејќи на Наполи.

Проблемот е што Рома и Наполи ќе играат следната недела, односно тој меч требаше да дојде по соочувањето на Јувентус и Наполи, а со новата одлука Наполи ќе има цела недела да се подготвува за гостувањето во Рим, додека Рома во петок рано наутро ќе се врати од Украина каде има настап во Лига Европа.

Рома бара поместување и на нивната средба со Наполи, но јасно е дека Серија А тешко би се решила за префрлување на дуелот во друг термин, а поместувањето за понеделник е нереално поради фактот што таа недела е предвидена за патување на фудбалерите на подготовки со своите репрезентации.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни