Поврзете се со нас

Англија

Роџерс потврди дека уште еден играч на Лестер сака да си оди од клубот: Мора да бараме други играчи

Објавено

на

Стратегот на Лестер, Брендан Роџерс потврди дека еден играч побарал од него да му биде дозволено да си замине од клубот.

Станува збор за фудбалерот од средниот ред, Бубакари Сумаре кој не се снајде најдобро на „Кинг Пауер“ стадионот и сега ќе бара нов клуб во кој би ја продолжил кариерата.

– Има прилика, можност за трансфер за која тој е заинтересиран. Јасно е дека ако тој си замине, ќе мора да бараме други фудбалери на таа позиција, -изјави Брендан Роџерс.

Според Фабрицио Романо, Сумаре бил во преговори со Монако и веројатно ќе заврши во клубот од Кнежевството.

Инаку, Лестер досега нема ангажирано ниту едно засилување и е тим кој е меѓу ретките без нови фудбалери во своите редови.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни