Поврзете се со нас

АТП

Родик за ситуацијата со Ѓоковиќ: Јас сум изненаден, може ќе се вратат…

Објавено

на

foto:twitter.com/DjokerNole

Новак Ѓоковиќ нема освоено ниту една титула во оваа календарска година што секако е изненадување за сите фанови, познавачи кои дополнително беа шокирани со одлуката на Србинот да ја прекине соработката со тренерот Горан Иванишевиќ.

Повеќе од пет години Ѓоковиќ имаше добра соработка со Хрватот, период исполнет со многу титули, убави моменти, радости, но се има и почеток и крај, па така и оваа приказна.

Првиот светски рекет призна дека се уште не знае каков потег ќе повлече, но во меѓувреме има анализи, коментари и со свое размислување се јави Енди Родик.

Ѓоковиќ за наследникот на Иванишевиќ: Се обидувам да почувствувам…

-Бев изненаден. Вакви потези не се прават во март и април. Сигурно било изненадување за двајцата. Мора да има нешто што влијаело тоа да се направи на средината на сезоната. Ѓоковиќ го смени речиси целиот тим, менаџментот, сега си замина и Иванишевиќ. Љубопитен сум да видам кој ќе биде следниот потег, -рече Американецот и додаде:

-Се чини дека секогаш завршува со Марјан Вајда кога ќе се случи вакво нешто. Така веќе беше неколку пати., -истакна Енди кој гледа и друга опција.

-Ова е чиста шпекулација. Не знам ништо за тоа, но не би ме шокирало повторно да го видам Бекер во разговори за тоа. Една работа е што Новак може да ги земе предвид мислењата на одреден број луѓе на оваа планета, затоа се обиде со Бекер, Иванишевиќ. Луѓето кои ги знаат тие ситуации. Љубопитен сум да видам што доаѓа. Мислам дека тоа ќе биде некој што го познава. Тешко ми е да замислам дека некој на 37 години ќе се впушти во сосема ново сценарио. Како што поминува низ критичен процес, мора да познава некого, -заклучи Родик.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни