Поврзете се со нас

АТП

Ѓоковиќ за наследникот на Иванишевиќ: Се обидувам да почувствувам…

Објавено

на

foto:twitter.com/AustralianOpen

Горан Иванишевиќ не е повеќе тренер на првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ, информација која дефинитивно ги изненади сите тениски фанови со оглед на тоа што ова беше тим кој имаше одлични резултати во изминативе години.

Меѓутоа се има почеток и крај, па така и оваа соработка за која Ѓоковиќ за првпат проговори, односно зошто се стави крај на приказната.

-Горан е прво и основно пријател за цел живот, мој ина  моето семејство. Исклучително го сакам, крајот на професионалната соработка не значи крај на пријателството. Разделбата беше позитивна, колку што може, дојде до точка на заситеност по речиси пет години соработка. Испишавме историја на нашиот спорт, освојуваме слемови, минавме низ сито и решето – дисквалификација, депортација… Секогаш ќе се сеќавам дека тој беше човек за мене, таквите вредности беа пред се. Од таа хемија, резултатот дојде како последица. Му посакувам се најдобро, -истакна Ноле кој запрашан за тоа кој ќе го заземе испразнетото место, неговиот одговор беше следен:

-Сè уште немам јасна претстава за тоа кој би можел да биде тренер и дали воопшто ќе има некој. Имам тренери од мали нозе, се обидувам да почувствувам што е тоа што ми треба. Ќе бидете навремено информирани, -истакна јасно и директно рекордерот по освени грен слем трофеи.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни