Поврзете се со нас

Свет

Роберто Карлос доби за придружник „џиновско дете“, Фиго се прсна од смеа (Видео)

Објавено

на

Луис Фиго и Роберто Карлос беа двете најголеми ѕвезди во тимот на Реал Мадрид кој вчера се појави на стадионот во Тел Авив, но тие двајца се погрижија да ја видиме и најурнебесната сцена од фудбалскиот спектакл кој беше актуелен во Израел.

Роналдињо беше организатор на супер натпреварот меѓу легендите од „Ел Класико“ натпреварите меѓу Барселона и Реал Мадрид, па иако Бразилецот беше задолжен за шоу на теренот, надвор од него, во фокусот се најдоа Фиго и Роберто Карлос.

Легендарниот лев бек излезе на теренот со момче кое беше една глава повисоко од него, а бидејќи Фиго прв ја воочи големата разлика, експресно му фати сеир на својот добар пријател.

Додека останатите дечиња правеа селфи со Роберто Карлос, на Португалецот посебно внимание му привлече високото момче, по што рамнодушен не остана и самиот Бразилец кој се прсна од смеа.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни