Поврзете се со нас

Англија

Ридигер ќе стане еден од најплатените светски дефанзивци, четири клуба подготвени да му понудат договор

Објавено

на

Фудбалерот на Челси, Антонио Ридигер игра фантастично под водство на Томас Тухел и е незаменлив дел од тимот предводен од германскиот стратег.

Стоперот кој имаше мака да се наметне во тимот на Челси под водство на Френк Лампард сега е неизоставен дел од тимот на Тухел, а неговите партии не поминаа незабележано и од останатите европски гиганти.

Ридигер има договор со Челси до крајот на актуелната сезона и веќе во јануари ќе може да преговара и да постигне договор со заинтересираните клубови кои на лето би го донеле како слободен агент.

Реал Мадрид, Баерн Минхен, ПСЖ и Јувентус се клубовите кои се заинтересирани за играчот, а и Челси ќе ги вложи сите напори во намерата да го задри на „Стемфорд Бриџ“.

Ридигер добил понуда од Челси за продолжување на соработката според која ќе заработува 130.000 фунти неделно, но истата била веднаш одбиена. За споредба, Ромелу Лукаку кој е на иста возраст со Германецот заработува 350.000 фунти неделно на „Стемфорд Бриџ“.

Токму таква сума сака да добие и Ридигер и според „Мирор“ може да се случи уште во јануари тој да договори трансфер во некој од заинтересираните клубови каде со исполнување на бонусите би заработувал и по 400.000 фунти неделна плата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни