Поврзете се со нас

Македонија

Ренова: Фудбалот не ни е важен, се надеваме дека сега некои ќе разберат…

Објавено

на

И од таборот на Ренова стигна официјална потврда дека има позитивни случаи на коронавирусот или поточно кај „гипсарите“ има четворица лица кои се заразени со КОВИД-19.

Од клубот од Тетово се огласија со соопштение во кое истакнаа дека ќе почекаат на вторите тестови за да ги објават имињата на заболените, но воедно порачаа дека воопшто не размислуваат за фудбал.

-Тимот на Ренова ги откажа сите активности сè додека не добиеме препорака од надлежните органи. Сега ние како КЛУБ и како СЕМЕЈСТВО не се грижиме дали ќе се одигра овој шампионат или не, туку само нè интересира здравјето на нашите членови и нивните семејства.

-Се надеваме дека некои ќе разберат колку е сериозна оваа состојба. Здравјето пред се. Заедно ќе ги надминеме сите предизвици, -порачаа од Ренова.

Шкендија потврди дека има заболени од коронавирусот: Тие се во изолација, ќе прават втори тестови

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни