Поврзете се со нас

Европски првенства

Рекорден број „Бразилци“ ќе настапат на претстојното Европско првенство

Објавено

на

Европското првенство кое започнува на 11. јуни, а ќе се одржува во повеќе земји, ќе влезе во историјата и како ЕП со најмногу „Бразилци“ меѓу фудбалерите учесници.

Составите на репрезентациите откриваат дека на овој турнир ќе настапат дури седум фудбалери кои се родени во Бразил, а сега како натурализирани репрезентативци настапуваат за европски селекции.

Тоа се Пепе (Португалија), Емерсон, Жоржињо и Толои (Италија), Тијаго (Шпанија), Марлос (Украина) и Марио Фернандес (Русија).

Тројца од овој список ќе бидат во комбинација уште за средбата меѓу Италија и Турција, со која во петок ќе биде отворен шампионатот.

Досега само двајца Бразилци кои настапувале за друга селекција триумфирале на ЕП, а тоа се споменатиот Пепе и Маркос Сена со селекцијата на Шпанија.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни