Поврзете се со нас

Шпанија

Реал се изнамачи и по продолженија го совлада Елче за пласман во четвртфиналето од Копа Дел Реј (Видео)

Објавено

на

Екипата на Реал Мадрид се изнамачи на вечерашниот осминафинален натпревар од Копа Дел Реј против тимот на Елче.

„Кралевите“ на крајот се радуваа на победа до која стигнаа откако со 2:1 беа подобри во продолженијата. Во регуларните 90. минути немаше мрежите мируваа.

Првично домаќинот Елче ги шокираше играчите на Реал со погодок во 104. минута кој беше дело на Верду.

Сепак, Реал Мадрид се разбуди во второто продолжение и со головите на подзаборавените Иско и Азар успеа да обезбеди победа за пласман во четвртфиналето.

Елче постигна гол и за израмнување преку Фидел, но истиот беше поништен откако играчот претходно направи фаул врз играч на „кралскиот клуб“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни