Поврзете се со нас

Евролига

Реал „меле“ се пред себе, Олимпијакос ја прекина лошата серија (ВИДЕО)

Објавено

на

Екипата на Реал Мадрид „меле“ се пред себе во Евролигата, а најдобар доказ за тоа се деветте победи во низа од која последната беше против Зенит од 85-64.

Само првата четвртина беше израмнета (23-23) по што „кралевите“ од период во период го надигруваа противникот, ја зголемуваа позитивата за конечни на крајот плус 21. Љуљ и Јабуселе со по 13 поени беше прв стрелци кај шпанскиот претставник кој е лидер на табелата во најквалитетното натпреварување во Европа.

Залудна на спротивната страна беше извонредната партија на Појтрес од 21 поен и 9 скокови.

Олимппијакос пак стави крај на серијата од четири порази и тоа на средбата против Басконија на гостински терен кој ја доби со резултат 72-62. Четворица играчи се истакнаа кај победникот, Дорси даде 17, Везенков 15, а Папаниколау и Вокап по 12 кошеви.

На останатите дуели беа поставени следниве резултати:

ЦСКА Москва-Алба Берлин 91-72

Анадолу Ефес-Асвел 78-72

Жалгирис-Уникс 67-76

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни