Поврзете се со нас

Шпанија

Реал Мадрид покажа класа и прв испрати честитка до Барса, Пујол бара повеќе од тимот на Куман (Фото)

Објавено

на

Барселона демонстрираше сила во финалната пресметка со Атлетик Билбао и доминантно стигна до рекордната 31-ва титула во „Копа дел Реј“, а Реал Мадрид покажа класа и прв од шпанските клубови му честиташе на каталонскиот гигант за остварениот успех.

Роналд Куман во една крајно турбулентна сезона стигна до првиот трофеј како тренер на Барселона и поради тоа наиде на огромни пофалби на социјалните мрежи, но ако според многумина успех ќе биде и освоената титула во Купот, легендарниот Карлес Пујол не се задоволува само со тоа.

Речиси истовремено со пораката на Реал Мадрид, своја објава на Твитер имаше и неповторливиот капитен на Барса кој вели дека тимот сега треба да се насочи кон титулата во Примера каде очигледно се уште гледа големи шанси за успех.

– Честитки до Барселона и сите нејзини фанови за заслужено освоената титула во Копа дел Реј, – гласи објавата на Реал.

– Честитки екипо!!! Да живее Барса сега и засекогаш. Сега одиме по титулата во Ла Лига, – порача Пујол кој не се задоволува само со трофејот во Купот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни