Поврзете се со нас

Свет

Реал Мадрид детално објасни зошто го отпушти Ласо (Фото)

Објавено

на

Угледните шпански медиуми „Марка“ и „АС“ ова попладне открија дека Реал Мадрид му врачил отказ на Пабло Ласо, а оваа вечер пристигна и официјална потврда за тешката разделба.

Искусниот стручњак е ослободен од страна на клубот после цели 11 години и 22 освоени трофеи, па поради тоа што се крена голем прав и „кралскиот клуб“ наиде на големи критики, вечерва пристигна детално образложение за прекинот на соработката.

Реал Мадрид потенцира дека Ласо нема да продолжи да го води тимот само поради неговата здравствена состојба, без оглед на  тоа што тој не сакал да го прифати тоа. Ласо минатиот месец преживеа срцев удар, но потоа се оправи и се израдува на новата титула во шпанското првенство.

– Реал Мадрид донесе одлука да не го задржи Пабло Ласо како тренер на првиот кошаркарски тим само поради медицински причини. После инфарктот кој го преживеа пред неколку седмици, Реал Мадрид се консултираше со различни доктори и специјалисти за кардиологија и сите ни манифестираа дека постои голем ризик за неговото здравје доколку продолжи како тренер на тимот.

– Минатата седмица му предложивме на Ласо да престане да работи, почитувајќи ги максимално економските аспекти во договорот кој истекува наредната година. Му рековме да почекаме и да видиме како ќе се развива неговата ситуација до март или април наредната година. Реал Мадрид смета дека недонесување на оваа одлука ќе биде максимално неодговорна после интервенцијата која ја имаше.

– Реал Мадрид е свесен дека оваа одлука донесе тага кај нашиот тренер, но ништо, дури ниту Реал Мадрид не е поважен од здравјето и оваа институција не може да си дозволи таков ризик, – гласи образложението на Реал.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни