Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Реал го потврди првото место, Атлетико обезбеди виза за осминафиналето на ЛШ (Видео)

Објавено

на

Реал Мадрид го совлада Интер со 2:0 и го потврди првото место во групата од Лигата на шампионите, додека италијанскиот првак ќе мора да се задоволи со втората позиција и статус на неносител во ждрепката за осминафиналето.

Крос уште во првиот дел ја најави победата со убав погодок, а точка на неизвесноста стави Асенсио во 79. минута. Претходно Барела доби црвен картон, што ќе му донесе суспензија на барем еден натпревар во ЛШ.

Атлетико Мадрид поведе по една несмасна интервенција на одбраната на Порто, а во завршницата гостите постигнаа голови преку Кореја и Де Паул за убедливи 0:3. Порто ги постави конечните 1:3 од пенал, но противникот обезбеди второто место во групата.

Судијата Турпан покажа по еден црвен картон на двете страни за фудбалерите и уште неколку за клупата на домашниот тим, кој ќе продолжи во Лига Европа.

Ливерпул направи пресврт на гостувањето кај Милан со погодоците на Салах и Ориги (1:2), со што само ја потврди доминацијата во оваа група и му помогна на Порто да остане во Европа.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни