Поврзете се со нас

НБА

Разлика од 36 см: Морант го „постеризираше“ џинот Вембањама (Видео)

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/memgrizz

Џа Морант повторно блеска на НБА терените и донесе позитивен импулс во настапите на својот тим Мемфис, а утринава предизвика посебно воодушевување кај фановите со еден атрактивен потег.

Морант и досега покажа дека не се плаши од противничките центри во обидите за атрактивна завршница на акциите, а потсети на тоа во дуелот со џинот Виктор Вембањама.

Разликата од 36 сантиметри во височина не го откажа Морант од идејата да ја забие топката преку Французинот, па на крајот дебитантот се најде на „постер“, а домашната публика еуфорично го одбележа потегот на ѕвездата на Мемфис.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни