Поврзете се со нас

Формула 1

Расел е херој на денот: Истрча од својот болид за да му помогне на Жу (Видео)

Објавено

на

На самиот старт на трката во Силверстоун се случи тежок инцидент кој за среќа помина без посериозни последици.

Во еден карамбол на стартот во судир дојдоа повеќе болиди, а најтешко помина Гуанју Жу кој неколкупати се преврте со својот болид, за на крај да заврши во заштитната ограда.

Пилотот на Мерцедес, Џорџ Расел кој учествуваше во судирот веднаш виде што се случи и потрча да провери дали се е во ред со кинескиот возач, нешто за што потоа доби големи пофалби на социјалните мрежи.

– Скокнав од автомобилот да видам дали Жу е во ред. Видов дека веднаш беше покажано црвено знаменце, -изјави кратко Расел за инцидентот.

За среќа се помина во најдобар ред и никој од учесниците во инцидентот не помина со повреди.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни