Поврзете се со нас

Франција

Рамос ќе почека за деби во ПСЖ, Меси е подготвен за првиот меч во Париз

Објавено

на

Екипата на Пари Сен Жермен утре го дочекува Лион во дербито на колото во првата лига на Франција, меч за кој „светците“ дефинитивно нема да сметаат на дефанзивецот Серхио Рамос.

Рамос како слободен играч се пресели во Париз, меѓутоа се уште се мачи со повредата и нема дебитирано за „светците“, а и не се знае кога точно ќе биде во можност тоа да го направи.

-Немам детали кога ќе биде достапен. Се надеваме дека наскоро ќе биде достапен. Тој индивидуално е добар, мирен е и ја продолжува својата подготовка. Се надеваме дека ќе може брзо да игра и важно е да може да се врати на добро ниво, еднакво со она на неговите соиграчи, -рече тренерот Маурисио Покетино кој воедно порача дека Лео Меси е спремен за своето прво претставување пред публиката на „Паркот на принцовите“.

-Тој е среќен што утре ќе може да дебитира на „Паркот на принцовите“ пред своите навивачи, тој е мирен и сталожен. Но така е со целиот тим. Сите размислуваат да го прикажат најдоброто, нашата цел е да победиме на овој натпревар, -порача аргентинскиот стратег.

Добра вест за ПСЖ е што најверојатно во комбинација за настап ќе биде и Килијан Мбапе.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни