Поврзете се со нас

Македонија

Работнички се пофали со еден стар повратник во тимот: Муарем Муарем се враќа во јатото на „романтичарите“

Објавено

на

По означениот крај на првенството од страна на ФФМ, фудаблските клубови со сите сили се насочуваат кон наредната натпреварувачак сезона, а еден од клубовите кои беа најзадоволни од предвремениот прекин секако е Работнички.

„Романтичарите“ имаат навистина лоша сезона и водеа борба за опстанок во елитата, но сега истиот им е осигуран и планот е тимот да се најде ниту во приближно слична ситуација.

Клубот од Дебар Маало ова попладне се пофали со првото големо летно засилување за наредната натпреварувачка сезона, што во принцип е многу добро познато име за нашата јавност, а особено за тимот од Скопје.

– Работнички го доведе првото засилување за следната натпреварувачка сезона. Нов фудбалер на нашиот тим е Муарем Муарем. Офанзивниот фудбалер за врска потпиша едногодишен договор со Работнички и се враќа во клубот во кој ја почна професионалната кариера (2008-2010), а настапуваше и во сезоната 2010/11. Тој сигурно ќе биде големо засилување за составот на Ратко Достаниќ, со оглед дека има репрезентативно искуство и неколкугодишна интернационална кариера.

Муарем Муарем во Македонија настапуваше за Работнички, Тетекс и за Шкупи, а интернационалната кариера ја градеше во Турција (Ордуспор, Ескишехирспор), Азербејџан (Карабах), Казахстан (Актобе) и во Албанија (Фљамуртари).

Муарем Муарем ќе се приклучи на тренинзите на тимот по 23 јули, кога ќе истече неговата суспензија откако имаше позитивен допинг тест пред две години, – гласи објавата на „романтичарите“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни