Поврзете се со нас

АБА лига

Работнички го среди Ловќен за втора победа во „балонот“ во Златибор

Објавено

на

Кошаркарите на Работнички ја прокнижија втората победа во третиот натпревар во АБА2 регионалната лига.

Избраниците на Димитар Мираковски попладнево во „балонот“ во Златибор беа подобри од црногорскиот преставник Ловќен со 82-77. Тимот од Градски Парк ја реши првата четвртина со 17-16 и оттаму постојано водеше и имаше контрола на резултатот, па сосема заслужено на крајот и се радуваше.

Питс со 19 и Балмазовиќ со 18 поени беа најдобри стрелци кај Работнички, тим за кој двоцифрен учинок имаа уште капитенот Николовски (13) и Вашингтон (11). На спротивната страна најфикасен беше плејмејкерот Ѓукановиќ со уфрлени 27 поени.

Нареден ривал на центарци е Младост Адмирал, состав кој претрпе два порази по првите две три кола.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни