Поврзете се со нас

Шпанија

ПСЖ со супер понуда сакал да го „украде“ Фати од Барселона

Објавено

на

Супер талентираниот Ансу Фати во текот на оваа седмица стави потпис на нов договор со Барселона со што ги расчисти сите дилеми околу неговата иднина на „Камп Ноу“.

Фати кој од оваа сезона ја носи „десетката“ во Барселона прифати да остане во сегашната средина до 2027 година и притоа откупната клаузула ќе му биде милијарда евра. Со ова напаѓачот само потврди колку го сака, цени клубот кој рано му даде шанса да блесне на голема сцена, шанса која ја искористи и сега само треба да продолжи да напредува и да се развива.

Тој на маса имал и други побогати понуди, меѓутоа се одлучи да остане во сегашната средина. „Мундо Депортиво“ денеска ги откри клубовите кои притискале за офанзивецот-тоа се премиерлигашите Ливерпул и Манчестер Јунајтед, но и францускиот вицешампион Пари Сен Жермен.

Токму „светците“ биле најконкретни, брутални, па така биле спремни да му дадат бонус на Фати од 30 милиони евра само за потписот, но и годишна плата од 15 милиони евра.

Сепак ПСЖ на крајот остана со празни раце, па Барса со Педри и Фати има играчи на кои ќе ја гради иднината.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни