Поврзете се со нас

Свет

Првиот настап за новиот селектор донесе историја: Роналдо истрча на теренот и стана светски рекордер (Фото)

Објавено

на

Тоа што беше најавено во текот на вчерашниот ден, вечерва се оствари благодарение на одлуката на Роберто Мартинез, кој му даде шанса на Кристијано Роналдо во стартната постава на Португалија.

Португалија рано поведе на натпреварот против Лихтенштајн благодарение на голот кој го постигна Жоао Кансело, но главна вест од првото полувреме е апсолутниот рекорд кој го постави Роналдо.

Кристијано одби да се повлече од репрезентацијата по големото разочарување на Светското првенство, а неговиот прв настап за новиот селектор е историски.

Капитенот стана апсолутен светски рекордер по бројот на одиграни настапи за една репрезентација, бидејќи со истрчувањето на теренот стигна до 197-от натпревар во националниот тим.

Тоа го нема остварено ниту еден друг играч во историјата на фудбалот, што само покажува каква фудбалска големина е Роналдо и колку долго трае неговата кариера.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни