Репрезентација
Први проблеми за Брестовац: Тренерот на голманите е Ковид позитивен

Откако селекторот Данило Брестовац ги избра 19-те ракометари на кои ќе смета на претстојните два квалификациски натпревари, беа направени тестови над сите кои ќе бидат дел од експедицијата, а за жал веќе се појави еден позитивен случај на Ковид 19.
Брестовац нема да може да смета на еден од своите луѓе во кои има голема доверба, односно тренерот на голманите, Александар Царчев.
Искусниот тренер има позитивен тест на коронавирус иако нема пројавено никакви симптоми, па сега нема да може да помогне во подготовките на селекцијата за претстојните дуели со Финска и Швајцарија.
– Би сакал да ја информирам јавноста дека ден пред собирот на репрезентацијата сум асимптоматски позитивен на Ковид-19 И покрај сите протоколи за заштита од оваа пандемија никој не е сигурен и имун на ова зло.
– Чувајте се сограѓани и со лесно нека е и со помин. Единствено жалам што во моментов не можам да и помогнам на репрезентацијата за претстојните натпревари со Финска и Швајцарија. Се надевам дека нашите голмани ќе бидат на висина на задачата и како и секогаш ќе допринесат за успех. Спортски поздрав до сите и после 10 дневниот карантин повторно се гледаме на терен, – порача Царчев на својот Фејсбук профил.

- Шпанијапред 16 часа
Фудбалерите на Реал со уште еден потег покажаа колку им значи клубот: Донеле заедничка одлука за…
- Италијапред 17 часа
Пандев веројатно ќе си оди, но друг Македонец ќе го замени и ќе заигра за Џенова од следната година
- АТПпред 14 часа
Ѓоковиќ откри кој е неговиот најголем сон: Не сакам да бидам неблагодарен…
- Англијапред 17 часа
Тухел презадоволен по победата над Сити испофали еден фудбалер: Го победивме најдобриот тим во Европа
- Англијапред 18 часа
Солскјер не се откажува и верува во чуда: Многу почудни работи се случиле досега
- Германијапред 20 часа
Легендата на Баерн која го најави заминувањето на Флик: Стојам зад својот збор, знам кој ќе биде нов тренер
- Шпанијапред 14 часа
Нов проблем за Реал: Зидан нема да може да смета на уште еден важен играч за пресметката со Хетафе
- Англијапред 15 часа
Реал Мадрид го обновил интересот за фудбалер на Манчестер Сити