Поврзете се со нас

Евролига

Прва титула за клубот од Истанбул: Анадолу Ефес е број еден во Европа!

Објавено

на

Екипата на Анадолу Ефес славеше над Барселона (86-81) и ја освои титулата во Евролигата.

Четата на Атаман покажа подобра игра во финалниот меч и за првпат во својата историја дојде до најголемиот трофеј на стариот континен. Шпанскиот претставник беше подобар само во првите 10 минути (22-15) за да потоа Анадолу Ефес заигра на повисоко ниво на двете страни на теренот, го преземе водството и го држи се до последниот период во кој каталонците израмнија на 72-72.

Потоа одновно дојдоа минути за новиот европски шампион кој дојде до плус седум и потоа рутински го заврши мечот во своја корист за испишување на нова страница во клупската историја.

Дуото Мициќ-Ларкин искомбинира 46 поени и беше најзаслужно за ова славје, кај Барса се истакна Хигинс со 23 кошеви.

За МВП на завршниот турнир заслужено беше прогласен Мициќ кој во наредната сезона најверојатно ќе го гледаме во НБА лигата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни