Поврзете се со нас

Шпанија

Прв пораз за Атлетико, шампионот се сопна кај фенерџијата Алавес (Видео)

Објавено

на

Актуелниот шпански шампион Атлетико Мадрид загуби на гостувањето кај Алавес (1:0), доживувајќи го првиот пораз сезонава во Ла Лига.

Алавес поведе рано, уште во четвртата минута Лагардија погоди по нафрлување од корнер од десната страна, а тој гол се покажа и како доволен за големи три бода.

Диего Симеоне се обиде со неколку замени да инспирира пресврт како на претходниот дуел со Хетафе, но Алавес не дозволи ниту еден гол и ја задржа предноста до крајот.

За домаќините ова е прв позитивен резултат сезонава, бидејќи досега имаа пет порази на пет натпревари.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни