Македонија
Промена во Ѓорче Петров: Македонија со убави зборови се раздели со Бајрами (Фото)

Мухарем Бајрами дојде како спасител во Ѓорче Петров минатата сезона и буквално го препороди тимот на Македонија, па добрите резултати во првенството беа зачинети и со историски успех во Купот.
Вторпат во својата клупска историја, тимот од Ѓорче се израдува на успех во најмасовното натпреварување во нашата земја, но по сезоната за паметење, оваа не е на посакуваното ниво.
Македонија е на средина на табелата на седмото место, па иако тимот е во сигурната зона, раководството одлучи со убави зборови да се раздели со Бајрами.
– Почитувани, Ве известуваме дека денес спогодбено се разделивме со нашиот досегашен тренер Мухарем Бајрами, кој ја водеше со успех нашата екипа во изминатите 18 месеци. Соработката помеѓу Македонија Ѓорче Петров и Мухарем Бајрами почна во многу деликатен период, но на крајот од минатата сезона заврши со историски успех, освојување на Купот на Македонија по вторпат или првпат после 16 години.
– Оваа сезона, работите не одеа на посакувото ниво, посебно во првенството, па затоа, по заедничкиот денешен разговор, спогодбено се разделивме со нашиот досегашен тренер. За сето сработено во нашиот клуб, му се заблагодаруваме од се срце на Мухарем Бајрами и му посакуваме многу здравје, среќа и успеси во иднина, – гласи соопштението.
-
АТПпред 14 часа
Алкарас откри што било главна причина за неговите проблеми: Кој го вели спротивното за Ѓоковиќ, тој лаже!
-
Италијапред 11 часа
Погрешен прв чекор: Ѕвезда на Интер падна излегувајќи од автобусот во Истанбул (Видео)
-
Англијапред 10 часа
Глејзерови го користат првиот човек на ПСЖ во обидот да изнудат повеќе пари за продажбата на Јунајтед
-
Лига на шампионипред 14 часа
Гвардиола ги издвои двајцата играчи на Интер кои посебно го импресионирале: Имам план за финалето
-
НБАпред 12 часа
Јокиќ коментираше потег на соиграч и ги изнасмеа новинарите: Сакав да го удрам… (Видео)
-
Англијапред 12 часа
Бернардо Силва избра англиски соиграч за кого би сакал да биде Португалец (Видео)
-
НБАпред 13 часа
Денвер доби неочекувани херои и се приближи на победа до прва НБА титула (Видео)
-
Светпред 13 часа
Поранешна ѕвезда на Манчестер Јунајтед заработи повреда која може да значи крај на кариерата