Поврзете се со нас

Европски првенства

Проблем за Данците: Еден од клучните играчи на Јакобсен заработил повреда

Објавено

на

Данска ќе биде последен противник на македонската ракометна репрезентација на актуелното Европско првенство, а фаворитот веќе има две победи со кои си обезбеди пласман во следната фаза.

Скандинавската селекција ќе биде голем фаворит и на утрешната средба со Македонија, но селекторот Николај Јакобсен е загрижен поради проблем на еден свој ракометар.

Се работи за одличниот Матијас Гидсел кој се пожалил на повреда по вчерашниот дуел со Словенија, а денеска од таа причина го пропуштил тренингот на данскиот национален тим.

Гидсел е неизвесен за утрешната средба и очекувано е Јакобсен да не ризикува во пресрет на следната фаза, посебно ако се знае дека десниот бек постигна 12 гола на две средби и тоа без ниту едно промашување.

Во меѓувреме селекторот го вклучи и трет голман во составот, вметнувајќи го Јаник Грин кој доби зелено светло за настап по проблемите со коронавирусот.

Натпреварот Македонија-Данска се игра утре од 20:30 часот.

Лазаров: Прифаќам критика, но оваа репрезентација е на добар пат

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни