Поврзете се со нас

Европски првенства

Лазаров: Прифаќам критика, но оваа репрезентација е на добар пат

Објавено

на

За „Дерби“ од Унгарија,
Ристе Влахов

Најдобрата машка ракометна репрезентација одмара на шампионатот во Унгарија и Словачка, односно има простор за да се оладат главите по поразот од Црна Гора и свежи утре да пробаат да и се спротистават на Данска која е прв фаворит за златото на турнирот.

Селекторот Кире Лазаров веќе имал можност да ја погледне снимката од битката со Црногорците и врз основа на тоа како и на претходната работа е оптимист и верува дека сме на добар пат во иднина да изградиме квалитетен состав

Идејата за тоа како треба да изгледа македонската репрезентација ја носам уште со доаѓањето на селекторската функција и така продолжуваме напред. Поразот боли, но сакам да кажам и истакнам дека тоа за кое се подготвуваме на овој европски шампионат, комплетни како што настапувавме во квалификациите, не ни успеа тој план поради различни причини како ковид-ситуацијата, повредите, итн… Не сакам да биде ова алиби, но не е иста оваа репрезентација без Дејан Манасков, Кире Лазаров, Стојанче Стоилов, Николче Митревски кој дојде во последен момент, без Никола Маркоски, Гоце Ојлески, без невакцинирание…

-Планот беше да дојдеме комплетни и да им се спротиставиме на сите. Се случи тоа што се случи, се прилагодивме се на ситуацијата, загубивме два натпревари. Првиот го загубивме гордо, достоинствено со многу жар и борба,  можеби тоа не излажа дека можеме да дојдеме до лесна победа над Црна Гора. Ама изгледа ја мотивиравме Црна Гора која има искусни играчи што играат во големи клубови споредувајќи ги со нашите.

-Сепак, по преспиената ноќ и прегледаниот натпревар синоќа увидов дека сме на добар пат. Цврсто стојам зад тоа. Прифаќам критика и прифаќаме критика затоа што и јас имам што да им кажам на играчите. Почнуваме од нула од почетокот, ке разговараме за краток период и точно ќе анализираме кој, како и зошто грешел. Верувам во нив, можеби и јас повеќе верувам од нив самите. Наша, ваша и заедничка работа е да ги убедиме дека се добро и дека ќе бидат добри во иднина– вели Лазаров и додаде:

Им недостасува тој победнички менталитет. Велат луѓето се раѓаат со тој менталитет, но спортот оди напред и во денешно време може тоа да се вгради, уверат во тоа. Мислам дека играме брз, модерен ракомет, не победија на наши грешки.  Не велам дека и јас немам грешки, сите заедно треба да ги поправиме, меѓутоа една победа против Црна Гора можеби ќе ни направеше поголеми проблеми во иднина.

-Можеби најдобро да почнеме од нула, преку еден бараж па друг бараж за СП и така да одиме чекор по чекор. Ќе направиме некои измени, јас имам јасна слика и тоа не само играчки туку и карактерно. Понекогаш и ако си послаб играч, а имаше карактер заслужуваш да бидеш во овој тим. Оптимист сум и не се предавам, имаме напредок кој мораме да го преточиме во добри резултати  – истакна македонскиот селектор кој во однос на Данска порача:

Нема што за загубиме, играчите ќе немаат притисок, ќе бидат опуштени и очекувам добра претстава. Ќе се подготвиме како да се бориме за пласман, дај боже да добиеме уште некој играч на кого ќе можеме да сметаме уште долго време. Со таков пристап треба таа депресија по Црна Гора да ја разбиеме, да го искористиме моментот-европско првенство, за да веќе во март имаме прави играчи кои во клучни мечеви ќе можат да дадат допринос, -заврши Кире.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни