Македонија
Прелчец не успеа да го совлада фантастичниот Јовановски, Академија го победи разиграниот Работнички

Работнички на фантастичен начин го започна пролетниот дел од сезоната и со биланс од две победи и две реми средби влезе во дуелот со Академија Пандев, но денеска го претрпе првиот пораз по враќањето на тренерот Влахо.
„Романтичарите“ пред точно еден месец ја победија Академија Пандев на снежниот и замрзнат терен во Струмица, но денеска „пандевци“ успеаја да се реваншираат за тој пораз и извојуваа многу важна победа за избегнување на опасната зона во Првата македонската фудбалска лига.
Гостите од Струмица денеска беа без својот прв тренер Васоски кој имаше позитивен тест на Ковид 19, а тоа на фудбалерите како да им даде сила да одиграат за него, а особено голманот Јовановски кој беше херој на гостувањето во Скопје.
Крстовски погоди за 0:1 во 11-та минута и најави дека гостите се дојдени по целиот плен во престолнината, но тоа се случи благодарение на бравурозните одбрани на Јовановски кој до крајот на првиот дел на двапати го сопре Лука Станковски, а му одбрани и пенал на Прелчец пред да се замина на пауза.
Во вториот дел, Академија отвори подобро, ја погоди гредата, но потоа следеше нов налет на Работнички кој откако не вроди со плод, им остави простор на гостите кои преку Велиновски ги поставија конечните 0:2 на „Тодор Проески“.
-
Германијапред 21 час
Ексклузива на германски „Скај“: Компани направи пресврт, Чурлинов постигна конечен договор (Фото)
-
Светпред 18 часа
Познати номинираните фудбалери за „Златната топка“, на списокот нема една голема ѕвезда
-
Светпред 16 часа
Бабунски влезе од клупа и спаси бод за Дебрецен (Видео)
-
Англијапред 19 часа
Вернер: ВАР ме уништи во Челси, поставив рекорд кој никој нема да го урне
-
Шпанијапред 17 часа
Барселона почна да ги регистрира засилувањата, засега виси само еден нов играч на Чави
-
Англијапред 21 час
Играч на Челси заспа додека добиваше третман, Жоржињо го разбуди со шлаканица (Видео)
-
Шпанијапред 24 часа
Барди се прости од Леванте како голем џентлмен и со крајно емотивни зборови: Сакав да биде поинаку…. (Фото)
-
Англијапред 23 часа
Тен Хаг ја затвори вратата за големата трансфер цел на ПСЖ, па се осврна на Роналдо: Ќе видите утре….