Поврзете се со нас

Македонија

Прекршен е дисциплинскиот статут на клубот: Вардар казни двајца свои играчи

Објавено

на

Вардар разочара во првиот меч по зимската пауза во домашниот шампионат и одигра само реми против Охрид со што направи чекор наназад кон остварување на зацртаната цел, враќање во првата македонска фудбалска лига.

Навивачите беа разочарани од изданието на нивните миленици, а дека постоеле одредени проблеми најдобро говори денешното соопштение на клубот во кое ја информираше јавноста дека се казнети двајца играчи.

Имено двајца неименувани фудбалери го прекршиле дисциплинскиот статут на клубот пред дуелот со Охрид, па поради тоа е поведена дисциплинска постапка и истите се санкционирани.

Фудбалерите се парично казнети со 3 месечни плати и во следните 15 денови ќе тренираат со младинските категории.

Наредната средба Вардар ја игра на домашен терен против Тетекс на 26 февруари.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни