Поврзете се со нас

Македонија

Познато име: Охрид ќе се засили со поранешен пикер на Веспрем

Објавено

на

foto:www.facebook.com/hcohrid

Македонската ракометна лига станува се поатрактивна и подобра, а една од причините за тоа дефинитивно се новите, амбициозните проекти како што е оној на ГРК Охрид.

Популарните „гладијатори“ имаа квалитетна екипа и се борат за излез во Европа со тоа што во исто време размислуваат за иднината. Како што стојат работите прволигашот за наредната сезона обезбедил уште едно проверено, искусно име и тоа во некогашниот репрезентативец на Србија, Живан Пешиќ.

Според „Балкан Хендбол“, актуелниот член на Војводина следново лето ќе пристигне во Охрид.

Тој во досегашната кариера има настапувано за екипи како Веспрем, Адемар Леао, Целје, Нексе, Партизан и Хапоел Ришон што доволно говори за неговиот кавлитет.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни