Поврзете се со нас

Светски првенства

Познати се паровите за четвртфиналето на СП, ова се термините кога ќе се водат тие битки (ФОТО)

Објавено

на

Со дуелот меѓу Портуалија и Швајцарија (6-1) беше комплетирана осминафиналната рунда на Светското првенство, па сега ги имаме сите двојки за четвртфиналната фаза.

Сега следат два дена пауза по што се враќаат возбудувањата во петок и сабота и тоа по два натпревари. Втората нокаут рунда ќе биде отворена со пресметката меѓу Хрватска и Бразил од 16 часот, додека истиот ден во вечерниот термин (20:00) ќе се соочат Аргентина и Холандија.

Во сабота пак најпријатното изненадување Мароко ќе се соочи со Португалија (16 часот), а пак европското дерби меѓу Франција и Англија е закажано за 20 часот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни