Поврзете се со нас

Македонија

Познат е наследникот на Арслан: Босански стратег ќе го води Шкупи

Објавено

на

foto: fcshkupi.com

Поранешниот македонски шампион Шкупи го затвори прашањето околу новиот тренер, поточно наследникот на Џихат Арслан.

Шкупи одново се реши да ангажира странец, односно изборот падна врз 42-годишниот Младен Жижовиќ. Се работи за стручњак кој последниот ангажман го имал во Саудиска Арабија, а претходно работел во три клуба од неговата земја Радник од Бјелина, Зрињски и Слобода од Тузла.

-Мило ми е што сум дел од тимот Шкупи, се надевам дека заедно во соработка со сите структури на клубот ќе придонесеме екипата да биде еден од кандидатите за титулата и излез на меѓународната сцена. Ќе се обидеме да го задржиме она што беше добро и да ја подобриме нашата игра, се надевам дека играчите ќе ја разберат оваа ситуација и ќе дадат голем придонес во соработката со нас и со нетрпение го очекуваме следниот натпревар.

-Верувам во мојата работа и во кадарот што го имам, ќе задржиме дел од тие што биле, со нас ќе дојде асистент кој работеше со нас изминатиот период, така што мислам дека ќе направиме квалитетен кадар кој ќе знае и ќе може да им го пренесе знаењето на фудбалерите, -порача Жижовиќ на кој ќе му помага Перо Пејиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни