Поврзете се со нас

Европски првенства

Позитивен на КОВИД-19: Хрватска остана без клучен играч за осминафиналната битка против Шпанија

Објавено

на

Репрезентацијата на Хрватска со четири бода успеа да ја мине групната фаза и да обезбеди осминафинале на Европското првенство, односно дуел со селекцијата на Шпанија.

Таа средба се игра утре од 18 часот во Копенхаген, а во пресрет на истата „коцкестите“ добија непријатни вести кои се однесуваат на еден од нивните најдобри, клучни играчи во националниот тим.

Имено последните тестови покажаа дека Иван Перишиќ е позитивен на КОВИД-19 и поради тоа заминува во изолација во наредните десет дена.

Иван беше стартер на сите три досегашни натпревари за Хрватите на турнирот, даде голови против Чешка и Шкотска и неговото отсуство дефинитивно ќе биде проблем за селектор Далиќ.

Со оглед на тоа што фудбалерот на Интер ќе мора да мине 10 дена во изолација ова може да и е крај на шампионатот за него со оглед на тоа што Хрватите по ова ќе играат со победникот меѓу Франција и Швајцарија, средба за која офанзивецот исто ќе биде недостапен.

Добро во оваа ситуација е што сите останати играчи, селекторот и стручниот штаб се негативни и ќе можат да му се посветат на големиот предизвик.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни