Поврзете се со нас

Шпанија

Потврда од федерацијата: Анчелоти ќе го води Бразил на следната Копа Америка

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Карло Анчелоти и дефинитивно ќе ја преземе селекторската функција во бразилската репрезентација, а сега стана јасно дека тоа ќе се случи од следното лето.

„Селесао“ за една година ќе учествува на новото издание на Копа Америка, а тоа ќе биде и првиот турнир на кој ќе биде воден од актуелниот тренер на Реал Мадрид, објавија светските медиуми.

Бразилците го назначија Фернандо Диниз за привремен селектор и негова задача ќе биде да ја води селекцијата до следното лето, по што ќе му ја препушти функцијата на Италијанецот.

При објавувањето на информацијата за Диниз, претседателот на федерацијата, Едналдо Родригез, открил и кога ќе пристигне Анчелоти.

– Диниз ќе ги води паралелно Флуминензе и репрезентацијата, за што доби 12-месечен договор. Тој ќе биде одговорен за транзицијата пред пристигнувањето на Анчелоти за Копа Америка, – истакнал Родригез.

Следното издание на Копа Америка ќе започне на 20. јуни, 2024 година, а ќе се одржува во САД. Сезоната во Ла Лига ќе заврши на 26. мај, а доколку Реал стигне до финалето на Лигата на шампионите, последната обврска на Дон Карло кон шпанскиот клуб ќе биде на 1. јуни.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни