Поврзете се со нас

Свет

Порто ја грабна титулата во Португалија, Митревски „грмеше“ со соиграчите (ВИДЕО)

Објавено

на

Фото: facebook.com/FC Porto Sports

Тимот на Порто официјално е нов шампион на Португалија за натпреварувачката 2021/2022.

Никола Митревски и неговите соиграчи обезбедија убедлива победа на гостувањето кај Агуас Сантас од 34-18 (13-9), победа број 28 во шампионатот, победа вредна титула број 23 за овој клуб.

Бранкињо со осум гола беше најефикасен, а нашиот репрезентативец Митревски запиша 9 интервенции или имаше 45 проценти на одбранети удари.

По ова следеше прослава на големиот успех, резултат, а меѓу најгласните беше Никола кој од 2020 година е во Порто.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни