Поврзете се со нас

Шпанија

Поранешен претседател на Барселона: Ако Реал беше прв, Примера немаше да се доигра

Објавено

на

И додека се очекува официјален старт, продолжение на сезоната во Шпанија која беше прекината поради коронавирусот поранешниот претседател на Барселона, Жоан Гаспарт се најде во центарот на вниманието на јавноста на Пиринеите поради неговата изјава дадена на оваа тема.

Гаспарт кој беше прв човек на каталонците од 2000 до 2003 година смета дека оваа кампања немаше да продолжи ако ситуацијата беше поинаква на табелата, односно Реал Мадрид беше на водечката позиција.

-Ако Реал беше лидер на табелата пред прекинот, сезонава во Ла Лига ќе беше завршена, -истакна Жоан кој со ова алуидра на тоа дека „кралевите“ на зелена маса ќе ја добиле титулата.

Воедно тој даде свој став за Нејмар и можниот кам-бек на „Камп Ноу“.

-Јас би сакал да го видам Нејмар во Барса. Јас разбирам дека тој сè уште може да придонесе. Би му простил се за да го вратам. Би сакал тој да игра за Барселона, -порачува некогашниот претседател на шпанскиот великан.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни