Поврзете се со нас

Англија

Поранешен играч на Челси: Александер-Арнолд игра на второлигашко ниво

Објавено

на

Трент Александер-Арнолд се промовираше во еден од најважните фудбалери на актуелната генерација на Ливерпул, но негова послаба страна останува извршувањето на дефанзивните задачи.

И сезонава повремениот англиски репрезентативец добива критики за своите настапи, а Френк Лебеф во тој стил го опиша како фудбалер кој игра на второлигашко ниво.

– Многу ми се допаѓа на Александер-Арнолд на офанзивен план, но во одбрана, игра на ниво на Чемпионшип.

– Кога тактиката на Ливерпул не функционира, гледаме многу проблеми во фазата на одбрана. Ми доаѓа да одам и да работам со него, за да го научам на основните работи.

– Прво што би му рекол е почесто да ја врти главата наназад за да види што се случува, бидејќи тоа е половина од работата на дефанзивците, – изјавил поранешниот дефанзивец на Челси.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни