Поврзете се со нас

Франција

Покетино со прв коментар за повредата на Нејмар

Објавено

на

ПСЖ успеа да направи целосен пресврт на гостувањето кај Сент Етјен, но атмосферата во редовите на париската екипа ја расипа повредата на Нејмар.

Бразилецот мораше да го напушти теренот на носилки по сериозната повреда на зглобот на ногата, а тренерот Маурисио Покетино прв го коментирал проблемот.

– Нејмар чувствуваше силна болка на местото, останува утре да бидат направени детални прегледи и да видиме за што се работи.

– Не би избрзувал со заклучоци, но од она што се гледа на снимките, изгледа лошо. Свиткувањето на зглобот делува сериозно, иако сите се надеваме дека нема да биде потребна долга пауза, – изјавил Покетино.

Со денешната победа, ПСЖ има плус дванаесет во однос на второпласираниот Рен.

Нејмар заработи хорор повреда, дебито на Рамос остана во втор план (Видео)

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни