Поврзете се со нас

Англија

Погба: Не сум добил понуда за нов договор од Јунајтед

Објавено

на

Пол Погба постојано е актуелен поради евентуално напуштање на Манчестер Јунајтед, а шпекулациите ќе бидат посилни ова лето бидејќи на Французинот му останува уште една година од актуелниот договор.

Во пресрет на почетокот на Европското првенство, Погба вели дека е фокусиран на обврските во националниот тим и засега нема никакви трансфер активности поврзани со неговото име.

– Секој знае дека имам уште една година од договорот со Манчестер Јунајтед.

– Досега немам добиено понуда за продолжување на договорот, ја завршивме сезоната со финалето во Лига Европа и оттогаш сме на одмор.

– Не сум разговарал со менаџерот и Ед Вудвард, а што се однесува до евентуални контакти со ПСЖ, за тоа имам агент кој се занимава со такви работи. Немам телефонски број од Ал-Келаифи и сега размислувам само за ЕП, – изјавил Погба.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни