Поврзете се со нас

Репрезентација

Почеток на една нова ера во македонскиот ракомет: Капитенот Кире ги „построи“ соиграчите (Фото)

Објавено

на

Ракометната репрезентација на Македонија денеска и официјално започна една нова ера, во која Кирил Лазаров ќе ја има улогата на нов селектор, истата збогатена и потпомогната од големи имиња како Ацо Јоноски, Бранислав Ангеловски, Билјана Црвенковска и повратникот во првиот тим, Филип Миркуловски.

Популарниот „Жути“ беше дел од првиот тренинг под водство на капитенот Кире кој првично има за цел да извршува две функции истовремено, па покрај тоа што ќе биде играч, сепак приоритет ќе му биде да и даде еден нов и модерен лик на македонската ракометна репрезентација.

На своето прво соочување кое го имаше со новинарите, Лазаров нагласи дека македонската публика не може да се излаже и примената на модерен ракомет ќе биде приоритет, а денеска веќе почна со напорна работа и заедно со помошниците и играчите се подготвува за она што следи.

Македонија има пред себе два квалификациски дуели за Европското првенство против актуелниот светски првак Данска, кој во четврток гостува во Скопје со идентичен биланс како нашиот по две комплетирани кола.

И Македонија и Данска имаат по две остварени победи по двете рунди во групата, а сега на ред е двомеч против избраниците на Јакобсен кој изминатиот јануари одново демонстрираа дека се најсилна ракометна сила во светот. Првиот натпревар се игра во Скопје во четврток, а три дена подоцна гостуваме во Алборг.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни