Поврзете се со нас

Репрезентација

Победата на Македонија над Германија е петто најголемо изненадување во историјата на мундијалските квалификации

Објавено

на

Победата на македонската фудбалска репрезентација против Германија беше големо изненадување во мундијлските квалификации и резултат кој донесе комплименти за нашиот национален тим и од неутралните фанови.

Македонија победи со 2:1 во Дуизбург, а во пресрет на вториот натпревар кој се игра во Скопје, агенцијата за фудбалска статистика „Грејснот“ ја вброи шокантната победа на нашата репрезентација меѓу петте најголеми изненадувања во историјата на мундијалските квалификации.

Имајќи ги предвид шансите кои им се давани на селекциите пред натпреварот, триумфот во Дуизбург е на петтото место, а за најголемо изненадување е прогласена победата на Луксембург на гостувањето кај Швајцарија (1:2) од 2008 година.

Повод за објавувањето на ова рангирање е вчерашната победа на Централна Африканска Република на гостувањето кај Нигерија во африканскиот дел од квалификациите за СП.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни