Поврзете се со нас

Македонија

Плејоф ждрепка: Вардар ќе ја започне одбраната на титулата против вториот тим на Пелистер

Објавено

на

РК Вардар и Еурофарм Пелистер како два најсилните тима имаа привилегија да ја прескокнат воведната фаза во најсилната ракометна лига, па откако се добија шесте патника во плејоф фазата, ова попладне се одржа и ждрепката за Суперлигата.

Вардар како бранител на титулата ќе почне со дуел против Еурофарм Пелистер, но против вториот тим на битолчани кој е предводен од тренерот Јовиќ и кој успеа да обезбеди пласман во најважниот дел од шампионатот.

Во просториите на РФМ, беше напрвен комплетен костур за распоредот на натпревари, па покрај воведната рунда, познато е како ќе се одвива цел тек на шампионатот кој се очекува да биде далеку поизедначен и понеизвесен од минатите години во кои Вардар беше апсолутен фаворит.

Еурофарм Пелистер сега располага со силен тим и сигурно ќе атакува на титулата, а не смее да се отпише и Металург кој веќе покажа сила во воведната фаза.

Во првото коло, првиот тим на Пелистер ќе игра против Струга, Бутел ќе ги одмери силите со Охрид, додека последниот пар од воведната рунда е оној меѓу Пролет и Металург. На програмата се предвидени 14 кола меѓу осумте екипи во плејофот, а РФМ објави дека распоредот на натпревари дополнително ќе биде објавен.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни